Она за што Русија се бореше три месеци и изгуби илјадници војници и техника, украинците го вратија за три дена, пишува Ризвановиќ









Долгогодишниот новинар и уредник на телевизија 24, Сеад Ризвановиќ, преку својот Фејсбук профил објасни што се случува во Украина во моментот односно за конфликтот меѓу оваа држава и Русија.

Русија започна инвазија врз Украина на 24 февруари оваа година. Од тогаш константно Русија делумно освојува територии во Украина со различно темпо.




Сепак, сега се случува вистински пресврт на терен. За него јавуваат сите светски медиуми, како и неколку белоруски и руски. Не е познато што точно се случува, односно дали е тоа тактичка определба или не, но она што Русија го освојуваше три месеци, го загуби за три дена.

За што поточно се работи, прочитајте во продолжение од анализаната на новинарот Сеад Ризвановиќ:

Неверојатно е што направи украинската армија.




Додека привлекоа руски засилувања во офанзивата на Херсон, спроведоа изненадна офанзива од правецот на Харков кон исток. Во моментов извори од теренот укажуваат дека украинците стигнале и до центарот на Купијанск а руски телеграм канал тврди дека е паднат и Изум.

Според непотврдени информации украинците веќе ги гранатираат и Лисичанск и Северодонецк. Она за што Русија се бореше три месеци и изгуби илјадници војници и техника, украинците го вратија за три дена.




Според она што го гледам на теренот, руската армија во моментов на истокот е во неорганизирано и панично повлекување што е секогаш најлошо сценарио за една армија.

Во моментов приоритет за русите е да организираат одбрана на линијата Лисичанск – Северодонецк, инаку ризикуваат колапс на целиот источен фронт.




Војната во Украина инаку ја докажува целосната доминација на западната (НАТО) воена доктрина во однос на руската/советската. Западните инструктори успеаа од украинската армија да создадат модерна воена сила со импресивни маневарски способности.




Во исто време се покажува и целосната квалитативна доминација на западното оружје на сите полиња. За илустрација, само 16 американски ХИМАРС системи успеаа да ги запрат и да ги парализираат руските офанзивни капацитети со напади на складиштата со оружје и гориво, комуникациски и командни центри.

Од самиот почеток на моите постови за Украина го повторувам истото – русите едноставно немаат доволно сили (моментално меѓу 200 и 300.000) за спроведување на офанзивни операции во земја како Украина.




Доколку нешто не сменат во блиска иднина, украинските сили набрзо ќе го освојат и Херсон, кој е веќе изолиран, ќе го одсечат Крим и ќе навестат епска битка за враќање на Мариупул.

error: Content is protected !!