Итно прекинат натрепварот Кадиз-Барселона: Играчите се молат – ситуацијата изгледа лошо








Дуелот од шапнското првенство помеѓу Кадиз и Барселона е прекинат во 81-та минута од средбата, откако на теренот најпрво панично реагираше судијата.




Тој всушност доби повик од трибината, каде на навивач му се слошило, поради што дуелот беше прекинат, а медицинските тимови на двата тима се упатија кон трибините.




Можеше да се забележи како дел од играчите се молат за здравјето на играчот, а голманот на домашниот тим брзаше во пренос на кутијата за Прва помош.




Според неофицијални информации, станува збор за сериозни проблеми со срцето. Ситуацијата е крајно опасно, што можеше пак да се забележи од изразот на лицата на фудбалерите кои беа на теренот, а потоа заминаа во соблекувалните.

При прекинот на дуелот, Барселона имаше водство од 0:2, со головите на Де Јонг и Левандовски.

error: Content is protected !!