Во недела е Свети Јован отсечен: Не јадете храна со црвена боја – строг пост









Во недела на 11-септември се празнува обезглавувањето на Свети Јован Крстител. Овој празник кај нас е познат и како есенски Свети Јован или Јован Крстител и е исклучително почитуван.




Верниците го поминуваат овој ден кога Крстителот беше убиен во молитва, воздржаност и строг пост. Овој празник има долга традиција и спаѓа во групата на големи празници, кои се особено почитувани.




Секоја работа, и надвор и внатре во куќата, се избегнува. На овој ден, целото семејство пости, а луѓето се собираат во храмовите на литургијата.

Според обичаите, се верува дека на овој ден ништо црвено не се јаде и пие, бидејќи потсетува на пролеаната крв на Јован. Се верува и дека не треба да држите нож.




Се верува дека на овој празник, не треба да јадете ништо од чинија, или од послужавник, а верниците не се радуваат и не слават. Во некои области, децата не треба да јадат домати, праски, јаболка и што било друго црвено на овој ден.

Значењето на Свети Јован Крстител. неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ.




Па така, како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.




Според фолклористот Марко Китевски, Св. Јован Крстител е значаен во народот и поради тоа што тој се поврзува со кумството и побратимството, бидејќи според народните преданија, кога светците ги делеле функциите, на Св. Јован му се паднале кумството и побратимството.

error: Content is protected !!