Голема трагедија ја потресе оваа држава: Над 20 мртви откако автобус се запалил при судир со автомобил во Нигерија









Најмалку 20 патници загинаа во судир на автобус и возило што превезувало патници во Нигерија, соопштија денеска локалните власти и полицијата.




-Дваесет луѓе загинаа, а нивните тела се целосно изгорени, изјави неименуван локален функционер.

Несреќата се случила вчера, во областа Ибарапа. Дошло до верижен судир меѓу автобус и возило со патници, при што се запалил.




Локалните власти соопштија дека до судирот дошло поради брзо и невнимателно возење.

Полицијата потврди дека бројот на загинати е 20.




Во Нигерија, најнаселената земја во Африка со околу 210 милиони жители, често се случуваат сообраќајни несреќи. Во јули 30 лица загинаа во северозападниот дел на земјата во судир на два автобуси и автомобил.

„Тоа беше фатална несреќа. Има над 20 човечки тела целосно изгорени“, рече Гбенга Обалово, претседател на областа Ибарапа.




„Тие имаа директен судир, а возилата се запалија, не успеавме да ги извадиме сите луѓе“, рече тој.

error: Content is protected !!