Самохрана мајка и донираше бубрег на шефицата, а таа и се заблагодари со ОТКАЗ

Њујорчанката Дебора Стивенс и донираше бубрег на шефицата за да не чека на трансплантација.

Приказната вели дека Деби Стивенс, тогаш 47-годишна самохрана мајка на две деца, донирала бубрег за да го спаси животот на својата шефица, а подоцна била отпуштена додека закрепнувала.

Џеки Брусја (61) се пожалила на Деби дека не може да најде донатор, по што таа и понудила да и го даде бубрегот.

Тие две се запознале додека работеле во компанијата „Атлантик Аутомотив Груп“, која продава автомобили во Њујорк. Стивенс била вработена во таа компанија две години. Таа ја оставила во јуни 2010 година, кога се пресели на Флорида.

После тоа, Деби реши повторно да се пресели на Лонг Ајленд и ја праша Брусја дали може да ја врати на работа, што и го направи. Два месеци подоцна, Брусја ја прашала дали сè уште сака да и го даде бубрегот.

Кога дознала дека нејзината шефица чека долго време за трансплантација на бубрег, Дебора великодушно и го понудила својот. По операцијата, Стивенс имала компликации бидејќи и биле оштетени нервите на ногата, па била на боледување еден месец. Поради тоа, шефицата почнал да се однесува лошо со неа.

– Не можеш да си одиш дома кога сакаш. Луѓето ќе мислат дека овде добиваш посебен третман – наводно и реколa шефицата. После тоа, Брусја се пожалила на раководството на компанијата, па Деби Стивенс доби отказ.

– Таа ми беше шефица и ја почитував. Не сакав да умре. Ова е многу болно искуство за мене – изјави Деби Стивенс.

Дебора сега има намера да ја тужи компанијата за која работела и нејзината поранешна шефица за дискриминација.

error: Content is protected !!