Рано утринава сообраќајна несреќа во Скопје: Шест лица се повредени – ова се деталите









Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Центар




Утрово во 04.35 часот било пријавено дека во Скопје нa улицата Беласица, пред крстосницата со булеварот Гоце Делчев се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Д.М.(37) од Скопје, а другото управувано од Н.Ѓ.(39) од Скопје.




„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во второто возило А.С.(48) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците од двете возила С.В.С.(47), А.Д.(36) и С.Т.(24), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.




Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Извадок на дел дневните настани 11.09.2022

На 11.09.2022 во 00.05 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(23) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.09.2022 oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, за која во 15.44 часот во Полициската станица Драчево нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје пријавил дека, додека биле на планината, во близина на планинарскиот дом, се оддалечила и најверојатно се изгубила. На местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач, по што Р.С. набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот.

На 11.09.2022 во 01.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(33) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.09.2022 во 13.25 часот во с.Добри Дол, гостиварско, од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар бил лишен од слобода Е.А.(26) од с.Добри Дол. Тој се сомничи дека заедно со Е.Ф.(21) од истото село, кој околу 17.30 часот исто така бил лишен од слобода, извршиле кривично дело „тешка кражба“ во помошен објект на приватен имот во селото, при што одзеле повеќе предмети. По целосно документирање на случајот против лицата ќе следи соодветен поднесок.

На 11.09.2022 во 00.05 часот, од полициски службеници од ОВР Кичево лишен е од слобода С.С.(28) од Кичево. При преглед извршен на улицата „Рудничка“ во Кичево, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа две ќесички, од кои едната со марихуана, а другата со тврда материја. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.09.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Г.(18) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.09.2022 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 45 возачи. Од нив 33 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Исто така, во текот на изминатата вечер (10/11.09.2022), во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 17 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци.

На 11.09.2022 во 04.35 часот било пријавено дека во Скопје нa ул.„Беласица“, пред крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Д.М.(37) од Скопје, а другото управувано од Н.Ѓ.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во второто возило А.С.(48) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците од двете возила С.В.С.(47), А.Д.(36) и С.Т.(24), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Полициски службеници на СВР Тетово на 10/11.09.2022, од 22.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.При контролата, откриени и законски санкционирани се 12 возачи-прекршители (ТЕ-7 и ГВ-5), од кои кај 1 (ТЕ) утврдено е присуство на алкохол во крвта до 2 промили, додека 1 (ТЕ) одбил да се алкотестира. Сите прекршители исклучени се од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се законски предвидените поднесоци. Со адекватни поднесоци санкционирани се и 16 други видови прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-6).

На 10.09.2022 во 21.05 часот било пријавено дека во с.Калаузлија, радовишко, Л.У.(35) од с.Калаузлија, кој управувал велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил О.А.(19) од с.Калаузлија, кој се превезувал на велосипедот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

На 10/11.09.2022 од 22.00 до 04.00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-04). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 10.09.2022 во 20.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.К. од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.

На 10.09.2022 во 18.40 часот било пријавено дека во Велес, на ул.„Димитар Влахов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“, со винички регистарски ознаки управувано Н.Б.(43) од Делчево и мопед „априлија“, со велешки регистарски ознаки управуван од Л.Б.(18) од Велес. Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

На 10.09.2022 во 17.10 часот во Полициската станица Гостивар, М.К.(52) од Гостивар пријавил дека на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

error: Content is protected !!