Бродови на грчката крајбрежна стража пукаа врз товарен брод во Егејското Море, соопшти денеска турската крајбрежна стража.
Во соопштението се наведува дека на бродот, кој се наоѓал југозападно од турскиот остров Бозјаде, немало жртви.
Грчката амбасада во Анкара не се огласи по ова прашање, а причината за нападот не е позната, пренесе Бета.
Бугарската армија го презема обезбедувањето на границата со Турција
Делови од Министерството за одбрана на Бугарија ќе го преземат обезбедувањето на границата со Турција, каде притисокот од мигрантите е најсилен, изјави за Нова ТВ главниот секретар на МВР, главниот комесар Петар Тодоров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Тодоров, дополнителните полициски сили кои беа испратени ќе бидат повлечени да учествуваат во обезбедувањето на парламентарните избори на 2 октомври во земјата.
До крајот на септември полициските сили ќе бидат обештетени со соодветна опрема – беспилотни летала, хеликоптери и кучиња трагачи, рече главниот комесар Тодоров.
Тој беше категоричен дека нема да биде потценет ниту еден од двата сериозни проблеми со кои се соочуваат бугарските власти. Тодаров додаде дека септември и октомври се најфреквентни во однос на мигрантскиот притисок.
Уште пет бродови со жито испловиле од украинските пристаништа
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека денеска од украинските пристаништа испловиле уште пет бродови натоварени со жито.
Во соопштението се наведува дека бродовите утринава испловиле од украинските пристаништа.
Дополнително, денеска е предвидено да бидат прегледани уште 12 бродови.
На 22 јули Турција, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кои беа блокирани од војната меѓу Русија и Украина.