Инспекторите на белградската полиција вчера извршиле разговор со М.Т. (38) откако во станот во Вождовац го пронашле телото на нејзиното новороденче.
Според неофицијални информации, таа рекла дека е бремена во деветтиот месец и дека се породила во станот, пишува Телеграф.
Според неа, детето не давало знаци на живот. Во моментот на породувањето со неа биле трите малолетни деца.
За целиот случај е известено и Вишото јавно обвинителство кое наложи обдукција на новороденчето со токсиколошка анализа.
-Првите резултати укажуваат дека детето е родено без знаци на живот и дека нема одговорност на мајката за смртта – вели соговорник близок до истрагата.
Вчера семејството не сакаше да разговара со новинарите за трагедијата.