Многу светски лидери ќе одат на погреб на кралицата Елизабетa: Кој ќе оди од Македонија – Државниот врв допрва треба да одлучи









Лондон утре треба да достави повеќе информации во врска со погребот. Тоа ќе биде политички настан сличен на погребот на Винстон Черчил во 1965 година, или на оној на Нелсон Мандела.

Освен претседатели и премиери, на погребот ќе присуствуваат и други кралски семејства од светот.




Последниот државен погреб во Обединетото Кралство беше во 1965 година и иако погребот на Черчил беше во екот на Студената војна, Советскиот Сојуз го испрати својот заменик-премиер да присуствува. Сега тоа нема да биде случај.




Додека Британија тагува за смртта на својот монарх со најдолг стаж, во Лондон веќе се во тек избезумени подготовки за она што треба да биде една од најголемите дипломатски прилики на векот.

Стотици сегашни и поранешни шефови на држави и влади ќе им се придружат на голем број други достоинственици кои ќе дојдат во Британија следната недела на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, која почина во четвртокот по 70 години на тронот.




Македонската влада допрва треба да одлучи кој ќе биде испратен да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора на 19 септември во Лондон. Британското МНР веќе испратило писмо до сите странски амбасади во Лондон, вклучувајќи ја и македонската. Нотата содржи детали околу погребот, но не и директна покана. Останува на државите сами да одлучат на кој начин и на кое ниво ќе го проследат или одбележат овој настан.

Лондон утре треба да достави повеќе информации во врска со погребот. Тоа ќе биде политички настан сличен на погребот на Винстон Черчил во 1965 година, или на оној на Нелсон Мандела. Освен претседатели и премиери, на погребот ќе присуствуваат и други кралски семејства од светот.




Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска. Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата.

Поворката треба да помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа.Долж рутата има илјадници луѓе кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата.




Ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што ќе остане до утре попладне. Ова беше моментот кога ковчегот го напушти замокот Балморал, известува Би-Би-Си. Во вториот автомобил зад мртовечката кола е ќерката на кралицата, принцезата Ана, која ќе остане со ковчегот додека тој е преместен прво во Единбург, а потоа во Лондон.

Првата министерка на Шкотска Никола Старџен вели дека ова е „тажен и потресен момент“ бидејќи кралицата го напушта „својот сакан Балморал“ за последен пат. „Денес, додека ковчегот патува до Единбург, Шкотска ќе ѝ оддаде почит на една извонредна жена“, напиша Старџен на Твитер.




Во Абердин, толпи почнаа да се собираат во паркот Дути и кај мостот Крал Џорџ VI, именуван по таткото на кралицата. Извесни Ешли и Доналд Вилсон дошле со нивните ќерки, на возраст од три и 11 месеци.

– Во годините што доаѓаат моите деца ќе учат за неа и ќе учат за овој момент. Важно е да им покажам дека биле тука – Ешли за Би-Би-Си.




Кога ковчегот помина над селото Абојн во Абердиншир го пречекаа збуци од шкотски гајди. Стотици луѓе од сите возрасти поминаа на главната рута низ селото во прекрасното јасно септемвриско утро.

„Сега (кралице, ти) одиш на пат“, се слушаше како едно лице вели додека ковчегот на кралицата минуваше.

error: Content is protected !!