Конечно е познато зошто се скараа Данела и ВМРО-ДПМНЕ: Еве ја вистинската причина









Данела и ВМРО ја растурија „калимерата“ поради милионски тендер




Поради сомневања за влијание врз тендерската постапка за изградба на пречистителна станица на Вардар, вредна околу 136 милиони евра, Град Скопје го разреши в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински. Директорот веднаш свика прес конференција, на која како непоканет гостин дојде и градоначалничката Арсовска, којашто го разреши.




Пред неа, разрешениот директор ги отфрли обвинувањата за влијание во тендерска постапка. Тој рече дека претпријатието со кое раководел не донесува одлуки за конкретниот случај, туку тоа го правел секторот за проекти, а комисиите давале оценки. Тој рече дека не се чувствува виновен и побара институциите да го разгледаат случајот.




Но, Арсовска му ја презема говорницата и рече дека Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ не го земало предвид барањето на комисијата за проценка, барајќи оправдување од европските банки, само за да не се реализираат барањата на Градот. Арсовска најави кривична пријава.




Арсовска рече дека сè уште не се знае што ќе биде со овој тендер и не го откри новото име кој ќе го наследи Перински. Арсовска рече дека го разрешила и генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски. Велковски, инаку кадар на ВМРО, ја обвини Арсовска за слаб потенцијал за работа. Овој проект е кредитиран од Европската банка за инвестиции со 68 милиони евра, од Европската банка за обнова и развој со 58 милиони евра, а останатите 72 милиони евра се грант што државата го обезбеди од Европската комисија пред 4 години./

error: Content is protected !!