Веста рано утринава ја потресе државата.
Следуваат нови детали. Имало брза реакција. Во продолжение прочитајте за што станува збор.
Ереван изјави дека азербејџанската армија ја гранатирала територијата на Ерменија користејќи артилерија и беспилотни летала.
Азербејџанските медиуми објавија дека Баку и Ереван се договориле за прекин на огнот во новиот конфликт во кој има човечки жртви денеска од 09:00 часот по локално време.
– Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан од денеска во 09:00 часот по локално време – објави Спутник Азербејџан, повикувајќи се на свои извори.
Во текот на ноќта дојде до вооружени судири на ерменско-азербејџанската граница, а страните меѓусебно се обвинуваат дека започнале нова ескалација.
Ереван изјави дека азербејџанската армија ја гранатирала територијата на Ерменија користејќи артилерија и беспилотни летала.
Баку соопшти дека ерменската армија пукала врз позициите на азербејџанските војници на границата, кога избил конфликтот.
Министерството за надворешни работи на Азербејџан ја обвини Ерменија дека има намера да го наруши мировниот процес.
Двете страни пријавија жртви меѓу припадниците на нивните соодветни армии.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан синоќа телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во врска со влошувањето на ситуацијата на границата со Азербејџан, соопшти прес-службата на ерменската влада.