Замислете бев, приведен и малтретиран денеска на железничка во Скопје затоа што сакавме да се качиме на воз со миленик !!!
Моето патување од Скопје до Велес се претвори во пекол , поради тоа што се решив да патувам во возот заедно со уште еден активист и со нас да носиме кутре , кое има медицинска потврда дека е куче помошник.
Со возот во 14 часот се качивме не симнаа , изговор им беше што не ја носевме медицинската потврда со нас .
Се буневме , ни повикаа полиција , не држеа пола час полицајците , имаше закани дека ќе не приведат и слични работи .
Помина тоа, ги истрпевме полицајците некако , отидовме ја земавме медицинската потврдата се вративме да го фатиме другиот воз во 20 часот .
На тој воз исто се случи, иако имавме медицинска потврда и маска за кучето , бевме уште погрубо пречекани од алкохолизирани кондуктери и повикано пак полиција.
Кој не исфрлија од возот со се сите работи и со кучето. Дојдоа замислете 8 полицајци, се собраа десетина кондуктери , кој не напаѓаа вербално дека сме биле кучкари и дека во македонски железници никогаш немало куче да се вози. Замислете кај живееме. А ние бевме јас , уште една активистка и дете од 17 години !!!
Значи во оваа држава ако немаш пари за кола, не можеш миленичето да го носиш никаде!!!
Ова мора да се смени, и затоа повикувам на протест сите со кучињата да им отидеме таму да ги блокираме , и да видат дека насилието на Македонски железници над животните не може да им помине !!!