Нов голем удар за Мицкоски: Повторно од сопствените редови – Илиевска имаше што да каже









Поранешна пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска, упатни низа прашања кон лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Во продолжение целиот нејзин статус:




-Секој ден, во секоја прилика се докажува љубовта кон својата нација, кон своите вредности, кон својата Татковина Македонија.

И во добро и во зло.




Најмногу се гледа кога некој го критикува својот ближен со кого има недоразбирање и разидување.

Конкретно, последниве два дена се изречени многу непристојни квалификации за жена во политиката, која од истите беше неодамна номинирана како Мајка на Градот.




Сега, слушаме разни „дијагнози“ од истите. Значи ли тоа дека продолжува прогонот на секоја личност што ќе се „замери“ со лидерството на партијата?

И така и соседи и гости од цел Свет, ни го гледаат, слушаат тој говорен, духовен „смет“ кој долго време се поттурнувал под „рогузина“.




Треба да се гради култура на взаемност и почитување, Кодекс на критикување, да се остане со достоинство. За да може да се погледнеме во очи. Каде вака?

error: Content is protected !!