Хоџа ќе го гаси светлото на крстот за да штеди – а пред изборите вработи 50 луѓе во администрација









Дали станува збор за лицемерие? Обид за фама во јавноста или пак нешто трето?

Ќе штедиме од светлото на крстот, ама затоа 50 нови вработувања, иако нема доволно столчиња за сите во администрација.




Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, побара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст на врвот на Водно по примерот на одлуката на Франција повеќе да не свети Ајфеловата кула во Париз.




„Во Париз е донесена одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима. Наместо нашите лидери да ни кажуваат како да се користи струјата во домаќинствата, јас јавно предлагам да почнат да штедат и да го прекинат непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!“, објави Хоџа на Фејсбук.




Но, да се навратиме само еден месец порано. Во Тетово се одржаа избори за советници, откако претходно не беше формиран совет на градот, поради тоа што никој не успеваше да направи мнозинство.

Само неколку денови пред изборите, тогаш партијата БЕСА, каде Хоџа е генерален секретар, а актуелниот градоначалник на Тетово, Касами пак е претседател. Тогаш политичката партија Левица преку соопштение обвини дека биле вработени над 50 лица.




-Непосредно пред одржување на Локалните избори за избор на членови на Совет во Тетово се рашири веста дека партијата на Касами и Хоџа вработила 50 лица во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, и тоа сите Албанци,- објавија тогаш тие.

error: Content is protected !!