ВМРО-ДПМНЕ остана без еден советник од коалицијата: Најави како ќе делува во иднина









Советникот од ГРОМ, Александар Трајановски, истакна дека се повлекува од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво и дека во иднина ќе дејствува како независен во Градот Скопје.

Според него, оставките на директорите и раководителите на градските претпријатија не можат да му наштетат на работењето на Градот, бидејќи, како што вели тој, ќе бидат назначени нови и тековната работа ќе продолжи.




-ГРОМ одамна донесе одлука за напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, ова беше само спроведување на одлуката на партијата која беше донесена на 14ти јини на ЦО и ИО на ГРОМ, информира Трајановски во изјава за „Локално“.




-Од технички аспект, не можев да се пријавам за поставување на советнички прашања без да ја се пријавам кај кординаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а немам никаква обврска да го правам тоа по официјалното раскинување на коалицијата, рече Трајановски.

Во врска со тоа дали СДСМ треба да побара предвремени избори за градоначалник на Скопје, советникот децидно вели „ако СДСМ тргнат по логиката на Мицкоски ќе завршат во опозиција“.




Хаос во град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска во отворена војна

Испровоцирана од советникот на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески кој ја обвини дека вршела влијание за смена на Комисијата за евалуација на понудите за проектот за пречистителна станица.




Тој ја праша и зошто чекала месец и половина за да го разреши ако се точни нејзините тврдења.

Со оставка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски продолжија јавните обвинувања на релација Данела Арсовска – ВМРО-ДПМНЕ. Ова следува по разрешувањето на директорот на водовод Златко Перински поради договор кој што го имал заедно со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ за тендер вреден 136 милиони евра.




Наместо да работат за граѓаните, за скопјани, за развојот на градот, гледаме кулминација на една брутална кавга помеѓу Мицкоски и Арсовска. Само за лични, партиски и бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ истакнаа од СДСМ

Инаку сто вработени во ЈП Водовод и канализација ќе добијат отказ откако Градот Скопје реши да не им ги продолжи договорите за работа кои им истекуваат утре.




„По најава пред еден месец за вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил екс-директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Златко Перински покажа дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци. Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација – Скопје“, објаснија од Градот.

error: Content is protected !!