Не се борат само Руси – еве од кои други држави војници се борат на страната на Русија

Според тврдењата на украинската известувачка служба, руската војска спроведува кампањи во Узбекистан, Таџикистан и Киргистан, додека се намалува бројот на Руси волни да се борат во Украина.

На странските борци им се нудат финансиски поттици, како и руско државјанство ако се пријават во руските вооружени сили.

Украина тврди дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ги принудува момчињата од руралните делови на Чеченија и Русија да се борат во руската војна во Украина. Во извештајот се додава дека граѓаните не Чеченија се огорчени од тој факт.

Според наводите на американското Министерство за одбрана, Русија наводно користела платеници од Либија и од Сирија во своите иницијативи во Украина, пишува Jerusalem Post.

error: Content is protected !!