Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи во врска со утрешната организација во рамки на манифестацијата „Европрајд“.
Пред извесен период, Вучиќ и неговите соработници донесоа одлука да биде забрането организирање на ваква манифестација односно не дозволува да се организира Парада на гордоста во Белград.
Вучиќ рече дека „мисли“ дека ќе се почитува законот и одлуките на МВР.
„Навистина не навлегував во сите детали. Јас нема да се занимавам со тоа. Нема да се занимавам со коруптивно наметнатата тема на српскиот народ. И оние кои се за тоа и оние кои се толку драматично против…
Сите заедно учествуваат во хибридна војна против својата земја. Зошто би паднал на нивните финти“, изјави Вучиќ.
Тој рече дека поради оваа тема не може да се занимава со поважни теми.
„Не можам да разберам дека некој си дал право да оди, а на овие другите не им дозволува. Не можам ни да ги разберам овие другиве што убаво ги замолуваме овој пат да ни направат… А тие велат: „О, не, не… Нема да ти го правиме тоа“… Така потоа почнуваат да ја навредуваат Ана (премиерката). Тогаш навистина разбирате зошто јас во Собранието во овие два дена го отворив патот за идна, слободна, пристојна Србија, која ќе ги порази тие две екстремни политички фракции – и лево и десно“, рече Вучиќ.