(ФОТО) Пожар во Министерството за култура – ова се деталите













Во зградата на Министерството за култура во Дебар маало денеска изби пожар, а вработените веднаш беа евакуирани од зградата, пренесе весникот Вечер.

Набрзо по избивањето на пожарот, на местото пристигна возилото на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје и состојбата се стабилизира за многу кратко време.




Како што дознава весникот ВЕЧЕР од изворите во Министерството, се работело повеќе за чад отколку за оган, поточно како што ни кажаа се работело за “мал пожар“.




Она што е интересно е дека инцидентот се случил во канцелариите на секторот за инвестиции.




“Екипите за увид на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи извршија увид и наскоро ќе излезат со информациите за причината за овој пожар”, велат од Министерството за култура.




Неофицијално дознаваме дека се работи за “минимална штета“ на третиот кат од зградата, но сепак не се знае дали е зафатена и документацијата.

error: Content is protected !!