Драма и тензии во соседна Србија. Сето тоа поради ЛГБТ заедницата.
Едни ја поддржуваат, други остро ја напаѓаат. Нападната и полицијата.
И покрај забраната, учесниците на Европрајд најавија дека денеска ќе се соберат во Белград и ќе се прошетаат низ центарот на градот.
Утринава стигна и одлуката на Управниот суд кој ја одби жалбата на активистите на Прајд со образложение дека забраната на власта на српскиот претседател Александар Вучиќ е оправдана бидејќи постои опасност од судири.
Во близина на Собранието на Србија во Белград дошло до физичка пресметка меѓу противниците на Европрајд и полицијата.
Како што јави Нова.рс, расчинетиот монах Антоние прво бил издвоен од толпата, а потоа внесен во полициско комбе. Како што пишуваат српските медиуми, тој претходно гаѓал со шише кон новинарската екипа на Н1.
Полицијата ги растерува демонстрантите подалеку од Собранието.
Приведени се неколку лица, а меѓу нив се и двајца мажи кои го украдоа главниот транспарент за денешната прошетка од волонтерите на Европрајд.