Вниманието на многумина го привлече веста за таткото и синот стоматолози од Франција кои беа осудени на затворски казни поради недолично работење.
Сепак, судејќи според коментарите на социјалните мрежи, причина за тоа повеќе била полицајката која ги привела таткото и синот отколку загриженоста за здравјето на пациентите.
Фотографиите од француската полицајка станаа вирални на социјалните мрежи и многумина се запрашаа која е атрактивната припадничка на француската полиција.
Станува збор за Надин Џеласа од Ница која моментално работи во полициската станица во Марсеј.
Надин е активна на социјалните мрежи, но само нејзиниот TikTok профил е отворен за јавноста.
„Уапсете ме и мене“, „Ми доаѓа да направам какво било кривично дело“, „Би лежел доживотен затвор од неа“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи во моментов.
Татко и син стоматолози, Жан-Клод Карно (71) и Лајонел Гуеџ (42) од Марсеј, Франција, се осудени на затворски казни поради недолично работење.
Синот добил осум години затвор, а таткото пет, пренесува Le Telegramme.
Тие биле прогласени за виновни за осакатување на стотици пациенти во текот на шест години. Судијата изјавил дека дуото вовело систематски третмани кои им ги уништувале животите на луѓето, оставајќи ги без насмевка и во неподнослива болка.
Казната е образложена со долгиот период во кој се случувало злосторството, бројот на жртвите и „многу сериозната штета“ што била причинета.
Исто така, се тврди дека ги злоупотребиле правилата на стоматолошката професија.
Насобраните во судницата аплаудирале по пресудата.
Како што докажало обвинителството, Лајонел Гуеџ извадил или лекувал речиси 4.000 здрави заби и вградил 28 пати повеќе протези од просечен француски стоматолог. Обвинителството за него побарало десет години затвор под обвинение за намерно осакатување луѓе.