Мора да бидеме горди: НАСА ги објави Охридското и Преспанското езеро – најстари езера во Европа









Оваа објава мора сите Македонци да ја прифатат и со истата да се гордеат.

Вакво нешто ретко се случува.




Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) денес на својот официјален Фејсбук профил објави фотографија од преубавите македонски езера, Охридското и Преспанското, а за истите пишува дека се едни од најстарите езера во Европа.




„Охридското и Преспанското Езеро, две од најстарите езера во Европа, се наоѓаат во планинска област долж границите на Северна Македонија, Албанија и Грција.

Езерата опстојуваат најмалку 1 милион години, а можеби и подолго.




Оперативниот копнен Imager-2 (OLI-2) на Landsat 9 ја сними оваа слика со природна боја на езерата на 19 август 2022 година.

Охрид е поголемото и подлабоко од двете, со средна длабочина од 155 метри (509 стапки).




Преспа има просечна длабочина од 14 метри (45 стапки)

Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.

Езерото покрива површина од 358,2 км2 и се протега во должина од 30,8 км, а најголемата широчина изнесува 14,8 км. Должината на брегот изнесува 87,5 км. Неговата длабочина достигнува до 289 м. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 км3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288 м), а на запад со Јабланица (2257 м).

Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна – од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151 м. За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег.

Потеклото на Охридското Езеро, гледано како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години). Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години и како такво е најстаро во Европа. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред сè поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.

error: Content is protected !!