Веста брзо се прошири на социјалните мрежи.
Вечерва Гостивар и Македонија тагуваат.
Убиството се случило во дворот од куќата на жртвата. Според очевидци, починатиот се враќал дома од градот. На десетина метри од капијата на куќата бил нападнат со огнено оружје.
Вечерва во Гостивар се случила вооpужена пpеcметка со огнено opужje, при што 28-годишен маж првично е тешко повреден, а подоцна починал во гостиварската болница.
Засега официјално не се познати причините инцидентот, но она што неофицијално се споменува меѓу полициските кругови е дека на пукањето му претходела голема расправија.
Полицијата и јавен обвинител се уште се на местото на настанот и работат на целосно расчистување на случајот.
„Околу 19 часот и 40 минути во полиција било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад“ бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А, со влезно-излезна прострелна рана во главата“, велат од СВР Тетово.