Нов раскол во ВМРО-ДПМНЕ? Мицевски контра Мицкоски – високи функционери со различни ставови кај опозицијата









Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во денешното интервју за Радио Слободна Европа вели дека ВМРО-ДПМНЕ не се против промена на Уставот и внесување на Бугарите, како и другите делови на народи, пренесе 360степени.




Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак, на неодамнешниот брифинг по повод иницијативата з ареферендум, рече дека, без разлика на исходот од референдумот ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи уставните измени за влез на Бугарите во Уставот




После Данела Арсовска, и Никола Мицевски му го сврте грбот на Христијан Мицкоски. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со спротивен став од Мицкоски и радикален пресврт на ставовите. Продолжува расколот во ВМРО-ДПМНЕ.




Вака денеска реагираат од владејачката СДСМ, на изјавата на Мицевски дека ВМРО-ДПМНЕ не се против промена на Уставот и внесување на Бугарите, како и другите делови на народи, дадена во интервју за Радио Слободна Европа.

„Тоа значи радикално спротивставување на деструктивните политики на Мицкоски“, велат од СДСМ во писменото соопштение.




Се работи за изјавата на Мицевски во денешното интервју за РСЕ, каде тој, на прашањето, зошто сте против внесувањето на Бугарите во Уставот, одговара:

„Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот, ние го кажавме нашиот став, меѓутоа има многу работи во Договорот кои што се основа на сите асимилаторски и негаторски претензии на соседна држава кон нас. Нека се решат сите спорни прашања по однос на тоа. Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот. Меѓутоа ние не завршуваме тука со проблемите, еве со отворање на Уставот и внесување на Бугарите, ние имаме одредена преговарачка рамка, каде што билатерален проблем, којшто се појави годиниве од потпишувањето на тој фамозен Договор со Бугарија за добрососедство и соработка се јавува како проблем“, вели Мицевски.




Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак, на неодамнешниот брифинг по повод иницијативата з ареферендум, рече дека, без разлика на исходот од референдумот ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи уставните измени за влез на Бугарите во Уставот.




„Пред нас постојат две дилеми, што доколку референдумот кој треба да биде задолжителен не успее, и второто е што ние немаме проблем со Берлин или Париз туку имаме проблем со Софија, зашто без да ја дефинираме историјата согласно нивните факти ние нема ниту да ги почнеме преговорите ниту да напредуваме на патот кон членство во ЕУ. Никој во ЕУ не може да ни гарантира дека Бугарија нема да продолжи со својата политика на вето. Оттука единствен пат е укинување на билатералниот Договор во кој постои збор за негово напуштање. Овој договор е отровно дрво што раѓа отровни плодови“, рече Мицкоски на 6 септември.

Извор: 360степени

error: Content is protected !!