Пендаровски и сопругата оддадоа почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора









Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, заедно со својата сопруга попладнево со комерцијален лет ќе лета во Лондон.




Тие ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета Втора, која почина на 96 години, кој е закажан за утрешниот ден.




„Со Бети оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“, порача Пендаровски.




„Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир“, напиша Пендаровски.

Шефови на држави од целиот свет пристигнуваат во Лондон за погребот на Елизабета Втора

Шефови на држави, премиери и претставници на монархии од целиот свет пристигнуваат во Лондон за утрешниот погреб на кралицата Елизабета Втора.

Американскиот претседател Џо Бајден, премиерите на Канада, Австралија, Нов Зеланд се меѓу 500 шефови на држави и официјални лица кои што ќе присуствуваат на погребот, што претставува собир на едно место на светски лидери, каков што не е виден со децении.

Македонија на највисоко ниво ќе ѝ оддаде почит на кралицата. На погребната церемонија ќе присуствува претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга.

Стотици луѓе веќе кампуваат за да го видат огромното испраќање во Вестминстерската опатија, додека илјадници чекаат со часови за да ѝ оддадат последна почит на кралицата.

Милион луѓе се очекуваат на погребот на Елизабета

Лондонските транспортни власти соопштија дека се подготвуваат за пристигнување на околу еден милион луѓе за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора.

Началникот на транспортната служба, Енди Бајфорд, рече дека од смртта на кралицата на 8 септември, „јавниот превоз во британската престолнина почна да опслужува огромен број нови патници, но утре се очекува максимумот“.

Во целата земја ќе се обезбедат 250 дополнителни услуги за патување долж железничката мрежа.

Според Питер Хенди, раководител на британската железничка компанија „Network Rail“, утре ќе се одржи „најголемата операција во јавниот превоз од Олимписките игри во 2012 година“.

Аеродромот „Хитроу“ наутро ќе откаже повеќе од 100 летови за да го спречи звукот на авионите кои прелетуваат да ја нарушат погребната служба во Вестминстерската палата, како и полагањето на ковчегот во гробот во замокот Виндзор.

Аеродромот во западен Лондон соопшти дека мерките ќе влијаат на 15 отсто од планираните 1.200 летови.

error: Content is protected !!