(ВИДЕО) Ова село во Македонија веќе ОСУМ денови нема вода – општината вели: Не плаќаат сметки









Жителите од селото Копаница, општина Јегуновце веќе осум дена немаат вода!

Иако имаат две водоводни мрежи, сепак во моментов немаат вода за пиење поради дефект на пумпата која го снабдува селото со вода.

Но, локалното население вели дека и кога имале вода, истата не ја пиеле поради тоа што била измешана со минерална вода, пренесе ТВ21.




Жителите, како што раскажуваат, се принудени да одат до селото Пршовце за да наполнат вода. Прстот го вперуваат кон општинските власти.

„Вода за пиење немаме, одиме во Пршовце. Целото село Копаница оди и полни вода од тамошните чешми. Водата во Јегуновце беше за нашето село, имавме вода од Пршовце, тие ја запреа… Сега и во Јегуновце ја измешаа со сува вода која воопшто не може да се пие, како вар е. Немаме вода за пиење, проблемот треба да е кај општината. Сега за капка вода треба да одиме со шишиња во Пршовце, бидејќи треба да пиеме вода… Таму водата е од Јегуновце“, пренесува ТВ21.




„Одиме во Пршовце, над Јегуновце, таму полниме. Еден рече – им ја исклучиле, бидејќи не плаќале. Ти исклучи им ја на оние кои не плаќаат, а не на цело село. Веќе една недела немаме, водата не е ниту добра за пиење“.




„Начинот на кој се води државата не е добар. Нула до нула. Плаќаш сѐ, и повторно двапати се расипува. Еднаш два дена немавме вода, а сега веќе една недела немаме. Не знам како е можно ова“.




„За домаќинство ги користиме бунарите, а за пиење полниме во Пршовце. Ние како жители не сме виновни, сакаме вода. Јас денес ги подмирив долговите што ги имав таму и многу други жители ги подмирија долговите. Прашајте ја општината каде стои проблемот“.




Но, од општина Јегуновце велат дека жителите не ги плаќаат сметките за вода, а општината нема доволно средства да ја плати струјата и да го санира дефектот на пумпата. Според градоначалникот Димитар Костадиноски, општината секој месец добива сметки за струја од 2.500 до 3.000 евра, а плаќањата на сметките од граѓаните се многу мали.

„Проблемот е што во моментов има дефект на пумпата што го снабдува селото, но ќе се санира. Овие жители не плаќаат вода, јас се сретнав со нив и им кажав – платите ја за да можеме да ја вклучиме. Ние како општина немаме можност да ги покриеме трошоците секој месец“, велат од општината.

Целиот текст и видео од истото погледнете ги на ТВ21 – (клик ТУКА)

error: Content is protected !!