„БМВ“ помина на црвено, удри во комбе со македонски таблици – двете возила се запалиле: Еден починат и повеќе повредени во сообраќајка во Хрватска









Детали за тешка сообраќајка во Загреб: БМВ помина на црвено светло, автомобилот се запали. Почина едно лице




При судир на две возила во Хрватска, едното од нив, со марка БМВ се запалило, а пожарот се проширил и на комбе со марка Мерцедес во кое имало вкупно шест државјани на Македонија.




Во неделата во 02:30 часот во Сесвете се случила тешка сообраќајна несреќа во која две возила се судриле, а потоа се запалиле. Еден маж го загуби животот, а шестмина се повредени, од кои тројца потешко, пренесуваат медиумите од Хрватска.

Полицијата за несреќата: БМВ-то поминало на црвено




Дваесетгодишен маж управувал БМВ со загрепски ознаки, кое се движело кон запад по авенијата Славонски, а на раскрсницата при вртење на улицата „Светог Иван“ во Ивања Река поминал на црвено светло на семафорот.




А од правец на Загреб, на зелено светло на семафорот на раскрсницата се движело комбе „мерцедес“ со македонски национални ознаки, управувано од 25-годишен Македонец.

Двајца малолетници се тешко повредени




При судирот двете возила излетале надвор од коловозот, по што се запалило БМВ-то, а пожарот се проширил и на комбето Мерцедес, во кое имало вкупно шест државјани на Македонија.




На патниците од Македонија им била укажана лекарска помош во КБЦ Загреб и КБ Дубрава. Со тешки телесни повреди се здобиле 25-годишен возач и двајца малолетници, а полесно се повредени 28-годишен, 25-годишен и малолетник.




За спроведување на увидот од 02:51 до 05:15 часот, сообраќајот бил затворен на Славонската авенија во правец на исток, во тој дел, а истиот се одвивал преку населбата Ивању Реку и околните населени места.

На местото на настанот излегол дежурниот заменик на општинското државно правобранителство кој извршил увид.

error: Content is protected !!