Доцна во ноќта, ВМРО-ДПМНЕ се закани: Утре во 11 часот ќе објавиме БОМБА – еве за што се работи









ВМРО-ДПМНЕ: Утре во 11 часот ги објавуваме документите за дезертерот Ковачевски

Откако поминаа скоро 10 часа од објавувањето дека Димитар Ковачевски дезертирал од армијата на Република Македонија, прогласувајќи се за трајно неспособен, од премиерот нема одговор- се крие, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.




Тие најавуваат дека утре во 11 часот ќе објават документи за целиот случај.




-Се уште нема одговори на прашањето дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите? Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер? Има повеќе од 12 часа да и одгововори на македонската на овие прашања. Утре во 11 часот следат документи, а ние, но и целокупната јавност до тогаш очекува одговори од дезертерот Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.




Поминаа 5 дена, шпицниот градоначалник Мицкоски молчи за неговите раце во тендерот од 136 м евра, велат од СДСМ

Поминаа веќе 5 дена како шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски молчи за неговата улога, или со речникот на ДПМНЕ, за неговите рачиња во тендерот од 136 милиони евра.




Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се фатени живи, со рацете во скандал тежок 136 милиони евра.

Оттука е нервозата, оттука е паниката и затоа штанцаат невистини во очаен обид дека ќе го покријат скандалот.

Не бива таа работа, особено што продолжува расколот во ВМРО ДПМНЕ, после Арсовска и Мицевски застана контра ставовите на Мицкоски.




А што се однесува до Ковачки, токму тој е дрзертер, избега од Армијата за да му служи на Мицкоски како пратеник.

Тоа што шпицниот градоначалник се крие а го вади Ковачки, вмешан во 27 април и неуспешен обид за дестабилизација на земјава во јуни, говори колку е очаен Мицкоски.

error: Content is protected !!