Во скопското село Батинци опожарено е патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки.
Како што информира МВР, Е.И. денеска, во 2:31 часот, го пријавил случајот во СВР Скопје. Возилото било сопственост на неговата мајка Ф.И.(51), од истото село.
Повредени лица нема. Увид бил извршен.