Најнова вест ја потресе Македонија. Драма како на филм, за жал реална сцена во нашата држава.
Веста продолжува по платената реклама:
27 годишник од с. Стојаково, општина Богданци, пријавил дека на автопатот Скопје-Велес, на бензинска пумпа во близина на Катланово, две возила во кое било лице со кое претходно имале недоразбирање, му го попречиле патот на неговото возило и пукале.
Тој управувал товарно возило, а за среќа нема повредени лица, ниту оштетувања на возилото од пријавителот.
Од МВР со соопшение за настанот:
-На 20.09.2022 околу 19.30 часот во Полициското одделение Петровец, Д.В.(27) од с.Стојаково, општина Богданци, пријавил дека околу 18.50 часот на автопатот Скопје-Велес, на бензинска пумпа во близина на Катланово, две возила „бмв“ и „мерцедес“, во кое било лице со кое претходно имале недоразбирања, му го попречиле патот на товарното возило кое го управувал и пукале кон возилото. Нема повредени лица, ниту оштетувања на возилото на пријавителот. – стои во соопштението.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
На 20.09.2022 во 17.00 часот на улица „Никола Тесла“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 46-годишниот тетовец Р.М. за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 20.09.2022 во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп – СВР Битола го лишиле од слобода Е.Д.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот во дом во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Исто така, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода и Д.Џ.(35) од Прилеп затоа што при преглед во патничко возило „форд фиеста”, кое го управувал, бил пронајден и одземен амфетамин. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во текот на 20.09.2022, полициски службеници на СВР Битола спроведоа акциска контрола за спречување и откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво. При контролата пронајдени се 17 кубни метри огревно дрво и лишени од слобода биле четири лица. Во Крушево полициски службеници затекнале патничко возило – комби „застава” без регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Крушево. При контролата во возилото биле пронајдени околу 4 м3 огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција Крушево. Во атарот на с.Крапа, општина Македонски Брод, на место викано „Барбарас“, од слобода биле лишени В.Ц.(32) од Скопје, Г. Т.(20) од с.Ропотово, прилепско и М.Р.(23) од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на кражба на дрва. Од нив биле одземени моторна пила и околу 4 м3 исечено огревно дрво без документација. Полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово, во атарот на с.Црнилиште пронашле и одзеле една приколка натоварена со 5 м3 бесправно исечено огревно дрво, додека во с. Гостиражни при вршење на бесправна сеча бил затекнат Л. У.(22) од кого биле одземени 4 м3 огревно дрво, една приколка и една моторна пила. Лицето било лишено од слобода, дрвната маса била предадена на ЈП „Национални шуми“. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 20.09.2022 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(34) и А.М.(32), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување кривично дело кражба во круг на фабрика во Прилеп. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои го вршеле делото. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против З.П.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 5 од Кривичниот законик. Тој, со уште две лица, на 08.11.2021 во с.Глуво, скопско, физички ги нападнале Ѓ.Ж. и В.Ж. во нивниот дом и извршиле разбојништво, по што, по неколку дена Ѓ.Ж. починал од здобиените повреди. На 19.09.2022, по наредба на Јавен обвинител, полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршиле претрес во домот на пријавениот, при што го пронашле и лишиле од слобода. Додека, на 20.09.2022 З.П. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор.