(ВИДЕО) Започна ХАОСОТ на улиците во Русија: Граѓани излегоа на протест против мобилизацијата – полицијата АПСИ









Во Русија денеска почнаа акции против најавената мобилизација.




Во некои градови луѓето веќе излегоа на улиците, а антивоеното движење „Весна“ повика на протести ширум земјата вечерва во 19 часот.

Десетици луѓе веќе се приведени на ваквите собири, кои се организирани во градовите низ Сибир и на Далечниот Исток.




Поединци доаѓаат со транспаренти на кои пишува „Не за мобилизација“.




На интернет може да се видат снимки од луѓе на улица и полицијата во полна опрема како се движи да го разбие протестот. Московското обвинителство им се закани на учесниците на протестот со казна затвор до 15 години.

Според руските медиуми, повеќе од 200.000 луѓе веќе потпишале петиција против мобилизацијата.




Рускиот претседател Владимир Путин утринава најави дека 300.000 луѓе ќе бидат повикани во армијата. Дека Русите се плашат од мобилизација беше јасно уште синоќа по најавата дека Путин ќе се обрати. Русите масовно почнаа да гуглаат како да ја напуштат Русија, а денес веќе се резервирани летови до земји за кои не се потребни визи од Русија.

error: Content is protected !!