Од растот на цените на, народски кажано „сѐ живо и диво“, исклучок не е ниту бурекот.
Ако претходно осмина од овој специјалитет можевте да купите за 15 денари, а четврт за 30 денари денеска за истата таа осмина ќе мора да платите 40-50 денари, за четрврт дупло.
Но, како што убаво забележал еден граѓанин, цените варираат и зависно од локациите.
-Бурек со месо во околина на Центар – 80, 85 денари. Ѓеврек низ Центар – 25 денари.
Бурек со месо во Стара чаршија (на 10 минути од Центар) – 50 денари. Притоа многу вкусен. Ѓеврек во Стара чаршија – 15 денари, констатира тој во својата објава на фејсбук.
Многумина се согласија со неговата забелешка.
-Да, бурекот и ѓеврекот имаат поинаков вкус купени на Бит Пазар. Вкусот им е поавтентичен, традиционален. До рецептот е!
Но, можеби кратат на грамажа?
-Последен пат кога јадев во чаршија (во Стар Град мислам) бурекот беше 20тина денари поевтин од центар, ама и едно 50% полесен.
-Можеби бурекџилниците во чаршија се регистрирани како занаетчии па се ослободени од оданочување и фискални…