Немил настан се случи во скопската општина Кисела Вода, пренесува Инфомакс.
Како што пишува порталот, дошло до физичка пресметка во автобус на ЈСП со број 51, а се претпоставува дека станува збор за ученици.
На терен се и полициски екипи, од кои се очекуваат повеќе информации.
Како што пренесува новинарот на Инфомакс, најверојатно има и повредени луѓе, затоа што имало Брза помош, која заминала веднаш кон болница.
Во живо се вклучија од порталот. Видеото на порталот Информа погледнете го со клик ТУКА.