Веста која доцна вечерва ја потресе цела Македонија и главниот град на државата Скопје.
Навидум сосема нормален тек на настаните, наеднаш ескалирал, при што бил употребен и нож.
Изворите на порталот 24ИНФО.мк велат дека во вечерашниот инцидент којшто се случи во Кисела Вода во Скопје, еден од учесниците во овој немил настан бил прободен со нож.
За потсетување, во еден од автобусите на ЈСП дошло до физичка пресметка на поголема група на луѓе, се претпоставува дека се ученици.
Полициските екипи се на терен и работат на расчистување на теренот, пишува 24инфо.мк
Инцидентот се случи во автобус на ЈСП со број 51, вечерва во Кисела Вода а дел од новинарските екипи беа нападнати, додаваат од порталот.