Дополнување на деталите: Се боделе со нож оти средношколец отстапил место за девојче













Извори на порталот Прес24 откриваат дека причината за целиот немил инцидент во автобус на ЈСП, вечерва во Кисела Вода е всушност, местото за седење во автобусот, отстапено за некое девојче.




Поради ова, група средношколци од Студеничани и Моране започнале физичка пресметка. Едниот од средношколците извадил нож, по што се избоделе и напаѓачот и напаѓачите.




Од Министерството за внатрешни работи се уште немаат објавени официјални информации за повредени на настанот и останати детали.

Инцидентот се случи во автобус на ЈСП со број 51, вечерва во Кисела Вода.




Одредени медиуми пренесоа дека биле нападнати и новинарски екипи.

error: Content is protected !!