Веста која го уплаши цело Скопје, добива нови детали.
Иако првично беше објавено дека е повредено само едно лице, најновите вести говорат нешто сосема друго.
Според последните информации од терен, едно лице е пуштено на домашно лекување.
Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје вечерва во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на шаката.
Едно лице е препратено на Скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа за МИА од болницата.
Дел од медиумите претходно објавија дека во автобус на ЈСП број 51 во Скопје се случила тепачка меѓу малолетници, но од Министерството за внатрешни работи се уште нема информација за инцидентот.