Голема трагедија ја потресе Македонска Каменица – ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ, животот го загуби млада личност

ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО М.КАМЕНИЦА, ОДЛОЖЕНО КАМЕНИЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2022

Поради трагичниот настан, во кој денеска во сообраќајна несреќа прерано животот го загуби млад жител, во општина Македонска Каменица откажани се сите концертни настани од манифестацијата Каменичко Културно Лето 2022.

Веста ја соопшти градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, кој изрази сочувство до ожалостеното семејство, напоменувајки дека поради трагичниот настан Општина Македонска Каменица воведува тридневна жалост.

-Почитувани сограѓани, дозволете во свое лично име и во име на општина Македонска Каменица да изразам искрено и длабоко сочувство до семејството Стојковски кои денес загубија дете, брат, внуче.

Денес целиот град сочувствува со нивната болка и загуба за прерано згаснатиот живот. Со оглед на огромната загуба за целиот град, Ве известувам дека манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ која беше закажана за период од 26ти до 28ми Август, се откажува во целост, и општина Македонска Каменица прогласува тридневна жалост, рече Атанасовски.

Според неофицијални информации во младиот жител животот го загубил при несреќа со трактор на патот Село Саса – М.Каменица. Поради трагичниот настан свикана е вонредна Седница на Советот на Општината на кој ќе биде потврдена Одлуката за тридневна жалост во Општина М.Каменица.

error: Content is protected !!