Влез во градот 80 денари.
Зарем го има тоа негде на друго место?
Голема бура се крена околу вчерашниот скандал на влезот од Штип, каде вработени од јавно претпријатие „Стипион“ наплаќаа влез во градот на автомобили кои не се со штипски регистерски таблички.
– Го копираме теркот на другите градови кои за вакви и слични манифестации наплаќаа при влез. Ние барем им даваме флаери на оние штом ќе платат да видат скица каде може да се паркираат во градот, посебно во околината на градскиот стадион во Штип каде се одржува манифестацијата. Со платениот влез, всушност, го плаќаат целовечерното паркирање што е на ниво на целодневното како секој обичен ден – велат вработени во „Стипион“
-Во Кавадарци на Тиквешки гроздобер се делеше бесплатно грозје на секоја кола што влегуваше во градот за време на мафинстацијата, а во Штип наплаќаат 80 денари за влез во градот,- стои во една од реакциите на граѓаните на социјалните мрежи.
Реакции имаше од многу скопјани, а ќе ви пренсеме дел од нив:
-Готово скопјани од утре да наплаќаме дневен престор за влегување од друг град во Скопје со автомобил. Ова ги надмина границите на невозможното и е голем срам за цела држава и пак ќе не има во светски медиуи колку сме луди за тоа Македонија има 10-ка,- вели
-Масовно да се организираме сите од Скопје. Да поставиме наплатни рампи за сите кои влегуваат во нашиот град. И така нема место за сите, ајде време е за револуција,- вели друг коментар.