Почивај во мир другарче мое, вака насмеан и позитивен ќе те паметам за секогаш – се опростуваат пријателите од Дон









Како гром од ведро небо македонската спортска јавност ја прими веста за прераната смрт на ракометниот тренер Андон Бошковски.

Популарниот Доне имаше свои епизоди во повеќе македонски клубови, па буквално сите, каде бил или каде не бил, испратија последен поздрав до него, воедно изразувајќи сочувство до неговата фамилија и неговите најблиски.




На социјалните мрежи покрај официјалните клубови, од Андон се опростуваат и негови колеги, соработници и пријатели.




Македонските клубови на социјалните мрежи се простуваат од Бошковски, кој оваа сезона го предводеше косовскиот тим Вучитрн.

Од него се простија Ракометната федерација на Македонија, голем број на клубови, ракометари, ракометарки и ракометни работници.
Како гром од ведро небо македонската спортска јавност ја прими веста за прераната смрт на ракометниот тренер Андон Бошковски.




Еден од нив е Ристо Чокрев, кој заедно со Бошковски беа дел од најголемите успеси на тимот на Металург од Автокоманда.

-Што да кажам Андон освен дека осеќам голема загуба и болка што ни отиде така одеднаш и што многу ракометни и животни теми ни останаа недокажани. Почивај во мир другарче мое и вака насмеан и позитивен ќе те мапетам за секогаш,- напиша Чокрев.

Порака упати и фудбалскиот тренер, Горазд Михаилов:




Порака упати и фудбалскиот тренер, Горазд Михаилов:

-Си замина брат без да го испиеме кафето кое се договоривме да го пиеме следната недела… Веста за твоето ненадејно заминување ме скрши, немам зборови, почивај во мир голем пријателе, секогаш ќе ми останеш во драго сеќавање, тешко ми е…, напиша тој.

error: Content is protected !!