(ВИДЕО) Маж клекна на штипската пастрмалијада: Време е да го поставам прашањето









(ВИДЕО) Маж клекна на штипската пастрмалијада: Време е да го поставам прашањето

Вистинска драма се случуваше синоќа во Штип на штипската пастрмалијада, каде се случи и првото запросување, на бината, пред очите на балканската пејачка Јелена Розга.




Иако првично црна дамка на манифестацијата и фрли барањето на 80 денари за влез во градот за сите автомобили од други градови, сето тоа се заборави, по овој момент.




Пред огромен број публика, познат директор на штипска компанија се одлучи на голем чекор, да клекне и да го постави прашањето.




-Време е да го поставам прашањето. Ќе се ожениш ли за мене? – ДА, рече да, ви благодарам на сите. Имаме и сведоци, – среќно кажа мажот, по што стана и ја бакна својата понежна половина.




Следуваше голем аплауз од публиката, а првата честитка ја добија од Јелена Розга.

-Ви посакувам многу љубов и се најубаво, – им порача Розга.

error: Content is protected !!