Драма во Какањ: Во престрелката ранети четири лица
Според дежурниот офицер во Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи (МВП) на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК), пукањето се случило во 20 часот и 25 минути.
Четири лица се повредени во престрелката што се случи вечерва на паркингот во Какањ, град кој е дел од БиХ.
Според дежурниот офицер во Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи (МВП) на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК), пукањето се случило во 20 часот и 25 минути.
-Огнено оружје било употребено на паркинг простор во улицата Алије Изетбеговиќ од засега непознато лице. Во таа прилика четири лица се повредени, поради што се пренесени во Здравствениот дом Какањ.
Патролите се на лице место и вршат увид, по што ќе се знаат повеќе информации за овој инцидент – велат од полицијата.