Вчера ракометот во Македонија го погоди тажна вест. На само 47-годишна возраст почина Андон Бошковски, познат тренер, кој со својот лик успеваше да ги освои симпатиите кај секого.
По неговата смрт, сите прволигаши се опростија со пораки преку социјалните мрежи, како и истакнати спортски работници. Еден од нив е селекторот Кирил Лазаров воедно и долгогодишен капитен на нашата репрезентација.
Кире Лазаров преку емотивна порака се прости од Андон Бошковски, кој трагично почина денеска на 47-годишна возраст. Одличниот стратег важеше за добар пријател на најдобриот македонски ракометар на сите времиња, а Лазаров не можеше да ја сокрие тагата од големата загуба.
„Почивај во мир, Дондо мој…
Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе а ти ми беше еден од ретките..
Многу нефер од твоја страна..
Направивме многу заедно
Знаевме и да се скараме но се сакавме/почитувавме
Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа но тоа не е битно јас знаев што имам покрај себе..
Нека ти е лесна земја и светол патот.., напиша Лазаров.
Претходно, нашиот селектор го предводеше тимот Алкалоид против Вардар, а она што ги остави без збор сите е неговиот тајм-аут. Погледнете во продолжение: