(ВИДЕО) Снимки од моментот на трагедијата: Cмртно настрада цело семејство – Стравична сообраќајна несреќа кај Мостар









Стравична несреќа, во која за жал животот го загуби цела фамилија.

Веста продолжува по реклмата.




Четири лица смртно настрадаа, а четири се тешко повредени во стравичната сообраќајна несреќа што се случила синоќа кај местото Буна-Затон, јужно од Мостар, објави Klix.ba




Според информациите што ги пренесуваат босанските медиуми, во возилото Рено Сеник животот настрадало цело семејство, 35-годишни маж и жена и нивното 9-годишно дете.

Животот на лице место го загубил и 46-годишник што управувал со возило BMW X5, а тешко повредени се лицата од другите два автомобили.




Потврдено е дека Б.К. (35), М.К. (34) и Р.К. (9) кои биле во автомобилот „рено“ и М.П. (46) од автомобил „БМВ“, пренесува Српскаинфо.




За жал, жртвите од „Рено“ се сопруг, сопруга и дете, пренесува Аваз.

Околностите за оваа страшна несреќа се уште се утврдуваат. Наредени се сите неопходни мерки и дејствија.




Истрагата што ја спровеле припадниците на полициската управа во Мостар, која ја водел дежурниот кантонален обвинител, траела повеќе од пет часа, а повеќе информации ќе се знаат подоцна.

error: Content is protected !!