Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил сподели интересно видео, со кое има и интересна порака.
-Да сум бил од Битола, ќе ме викале “Пророко”, – пишува Апасиев.
Веројатно овде следува прашањето, на што конкретно мисли, а одговорот го имате во видеото.
На видеото се гледа како Апасиев во интервју на 22.09 оваа година, вели дека за некој месец може да има голем распад на партијата ДУИ, иако вели, може да биде тоа и за 15 години.
Само неколку денови подоцна, следуваше реакција од членовите на ДУИ, кои бараат од Ахмети да реагира и да воведе ред во функционирањето на самата партија.