Али Ахмети се огласи: Никој не очекуваше дека ќе го каже тоа за Блерим Беџети, Муса Џафери и Изет Меџити









Заменик премиерот Артан Груби засега нема коментар околу писмото на кое се потпишани 20 истакнати членови на партијата, а со кое тие бараат се бара од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да најде решение за да се врати единството во партијата.

На фејсбук профилот на Груби нема коментар околу најновите збиднувања во партијата.




Последната објава е од 22 септември, од промоција на едн книга.

Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Ејуп Адеми, се меѓу потписниците кои директно го обвинуваат првиот вицепремиер Груби за самоволие.




Практично, меќу потписниците се двајца пратеници, заменик-министер и двајца градоначалници. И двајцата потпишани пратеници – Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, се од Чаир, општината од која доаѓа и вицепремиерот Груби. На реакцијата може да се види и потписот на Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, кој доаѓа од Гостивар. Важи за човек на Невзат Бејта, кој исто така е потпишан на петицијата.




Шефот на ДУИ, Али Ахмети денеска зборуваше за писмото иницирано од таканаречената „Огнена група“ со кое се бараа реформи во партијата.

Ахемти рече дека ДУИ има воспоставено стабилни структури со силна база, кои можат да функционираат и без поединец, пренесува КланМ.




„Без сомневање дека ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка“, изјави првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Со овој одговор, тој им даде до знаење дека не планира да го повлече Артан Груби од позицијата, но во исто време и дека можат да ја напуштат ДУИ.




Останува да се види нивниот одговор.

error: Content is protected !!