Политичка бомба доцна вечерва: Поврзана е со името на Бујар Османи – се е готово?!









Актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи може да биде „жртвата“ на внатрепартиските пресметки во ДУИ, пренесува телевизија 21.

Како што пишува медиумот, иако се уште не официјално, до „Огнена група“ е пристигнат предлог, во кој им се нуди оставка на Османи и таа позиција да ја пополни некој од таа лоби група.




Партијата на ДУИ од ограноците на Чаир и Сарај ги предводат незадоволните, меѓу кои има и неколку пратеници и заменици министри.




ДУИ може да функционира без кој било поединец затоа што има стабилни структури, изјави денеска лидерот на партијата Али Ахмети по вчерашниот апел до него од членови на партијата да го искористи својот авторитет за да се зачува партиското единство.




„Без сомневање дека ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Изет Меџити. Ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка. За 20 години има инвестирано во кадарот на партијата. Советот и Конгресот се функционални, за анархијата нема место, изјави Ахмети.

На новинарско прашање како ќе се одрази ова барање на дел од членовите на ДУИ меѓу кои има и двајца пратеници, Ахмети со одговор дека ќе се работи на менаџирање на ситуацијата.




„Пратениците не верувам дека ќе ја ризикуваат иднина на генерациите. Ова е дневна политика. Не е нешто што не може да се менаџира и да се надмине. Ние не отстапуваме од нашата платформа. Секогаш имало незадоволство и дебати и сум бил отворен за предлози и мислења. Поголем дел од ДУИ не сака анархија, сака правила, мир и дебата“, истакна Ахмети.

Прашан дали во 2023 година ќе има нов избор за претседател на партијата, Ахмети со одговор дека не завршил со неговата мисија.




„Јас не сум функционер, јас сум мисионер, мојата мисија се уште не е завршена. Ќе ме ‘имате на врат’ и наредните четири години“, рече Ахмети.

Останува да се види дали Ахмети и Груби ќе го пуштат „низ вода“ Османи, за да ги смират страстите на незадоволната група.

error: Content is protected !!