Видеото кое ќе го видите на крајот од текстот, не е за оние со слабо срце.
Она што се случува, ќе ве остави без збор. Но се поставува и прашањето: Дали е време на овие работи да им се стави конечно крај? Нека има казни огромни, но редот мора да биде поставен.
Секојдневно на социјалните мрежи, за жал, читаме за сообраќајни несреќи, каде често се случува да загинат и луѓе кои воопшто не се виновни за тоа.
Едноставно, другиот е пијан, не ги почитува правилата или нешто слично, но судбината решила, токму оној што нема воопшто вина, да замине од овој свет.
Во последните 24 часа имаме несреќа во државата каде 22-годишник излета од патот, по него се уште се трага, потоа 32-годишник со камион исто така излета од патот, тој е префрлен во болница.
На сето тоа, на некои луѓе не им доаѓа паметот. Напротив – тие се мајтапат со сето тоа и дополнително провоцираат.
Па дали е тоа во ред, дали е тоа нормално, дали имате грам совест што правите?!
Само едно мало невнимание, може да предизвика голема несреќа. Ама, некој треба да размисли за тоа.
Возачот вози рикверц, со иста брзина како што е нормално да вози напред, сето тоа се снима. Истото се случува на македонските патишта.
Еден нормален не остана во државава, се вели во објавата од видеото на страната „Мисија“.