Ковачевски забрани набавка и консумирање морски плодови, лешници и бадеми во Владата









Економско-енергетскиот совет на Владата вечерва одлучи на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на општините.




Советот, како што соопшти премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција, донесе и одлука со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската.




Премиерот Димитар Ковачевски денеска на вонредната прес конференција, по новинарско прашање околу тендерите за храна, во Владата истакна дека ќе се забранат морски плодови во Владата.




Тој вели дека не станува збор само за Владата, туку на сите ресторани преку СОЗР.




„При подготовката на мерките за ранливите категории на граѓани, јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми, лешници и.т.н. Ќе има забрана за нивна набавка“, рече Ковачевски.




Тој додаде дека средствата ќе бидат насочени кон директна финансиска помош на ранливите категории.




„Се работи за рамковен договор. Тука влегуваат и Кабинетот на претседателот на државата и Кабинетот на претседателот на Собранието. Се тоа оди преку Службата за заеднички работи. Донесовме одлука дека ќе има забрана за морска храна и за лешници во бифеата и тие средства ќе бидат пренаменети за ранливите категории на граѓани“, вели Ковачевски.

error: Content is protected !!