ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов победува на уште едни парламентарни избори во Бугарија, покажуваат излезните анкети на бугарските агенции.
Тие им предвидуваат освојување на 23,5 проценти од гласовите, додека зад нив со 19,5 проценти е „Продолжуваме со промените“ на последниот премиер Кирил Петков.
Движењето за права и слободи на Мустафа Карадај е третата партија со освоени 15,2 проценти, додека социјалистите имаат 10 проценти.
Зад нив како четврта политичка сила, со освоени двојно повеќе гласови од минатите избори влегува партијата ултра десничарската „Преродба“ на Костадин Костадинов, која претставува најголемиот добитник на овие избори.
Копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков коментира дека нема да коалицираат со ГЕРБ, која победи на парламентарните избори во Бугарија, како и со Движењето за права и слободи.
Асен Василев, копретседател на партијата ја честиташе победата на ГЕРБ-СДС и го призна поразот, велејќи дека тоа е избор на бугарскиот народ. ГЕРБ, според Василев, треба да ја преземе својата политичка одговорност.
„Продолжуваме со промената“ ќе биде опозиција на оние кои победија на изборите во Бугарија, користејќи ги парламентарните можности.