Денес се одржа втор протест на овоштарите од Пијанец. Овојпат се блокираа магистралата А3 на влезот на Делчево и сообраќајницата на Регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово.
Во пресрет на земјоделците, излезе пратеничката од Делчево, Соња Михаиловска, заеднички во комуникација со Министерството за земјоделие, застапувајќи го интересот на земјоделците, особено од пијанечкиот крај.
Пратеничката Соња Михаиловска информираше дека за производителите на модра слива преку Интервентниот фонд на Министерството за земјоделие ќе биде обезбедена парична поддршка од 2 денари.
Првично оваа одлука како што додаде Михаиловска наредната недела ќе биде разгледана како точка, а се очекува производителите на сливи од делчевско парите да ги добијат најдоцна до Нова Година.