Икер Касилјас, легендарниот капитен на Реал Мадрид и еден од најдобрите голмани на сите времиња кој освои апсолутно се со Кралскиот клуб и шпанската репрезентација, излезе како геј со кратка порака на Твитер: „Се надевам дека ќе ме почитувате. Јас сум геј.”
Шпански Мундо Депортиво не е сигурен дали твитот на Касиљас е автентичен или дали неговиот профил на Твитер е хакиран.
Касиљас во текот на кариерата беше во јавни односи со неколку жени, а моментално е разведен.
Во коментарите на Твитер, поранешниот соиграч Карлес Пујол му даде поддршка, велејќи: „Време е да ја раскажеме нашата приказна“.
Касиљас како дете пристигна во Реал Мадрид и во клубот остана 25 години.
Тој го имаше своето деби во 1999 година како 18-годишник. За клубот се појави 725 пати, втор по Раул.
Како прв голман на Шпанија, тој ја освои светската титула и две европски шампионски титули. Со Реал освои 19 трофеи од кои три ЛШ, а кариерата ја заврши во Порто.